| четврток, 6 декември 2018 |

Одложено рочиштето за „Таргет-Тврдина“

Се одложи денешното рочиште за предметот „Таргет Тврдина“, на барање на одбраната на обвинетиот Сашо Мијалков, ексдиректорот на УБК. Барањето за одложување е поради закажаната јавна седница на кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, на која ќе се расправа по жалбата на Мијалков за притворот за случајот „Империја“.

„Имајќи предвид дека Мијалков е во притвор и вчера имаше рочиште за „Титаник 2“ и фактот дека одбраната немаше доволно време за консултации, бараме одлагање на денешното рочиште“ рече адвокатот на Мијалков, Петар Василевски.

Тој додаде дека по завршувањето на јавната сеница, која треба да се одржи денеска во 11 часот, одбраната нема да биде во состојба да продолжи со друго рочиште. Василевски се извини на обвинителите, на сведокот и на јавноста, што поднеле вакво барање, но смета дека е од објективни причини.

Судот го прифати барањето на одбраната, иако одбвинителите на СЈО побараа да се направи обид за денеска да продолжи рочиштето за „Таргет Тврдина“.

Денеска беше повикан да сведочи сведокот Ѓорги Лазаревски, поранешен вработен во УБК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top