| четврток, 6 декември 2018 |

Надвор од протоколот: Меган размислува да се породи дома!

Не за прв пат Меган Маркел излегува од правилата на кралскиот протокол. Се очекува дека бремената војвотка од Сасекс ќе се породи во пролетта.

Поранешната актерка и ѕвезда н адвокатската серија ја разгледува можноста за домашно подоруваање, и покрај желбите на лекарите, известува на Vanity Fair.

Објавувањето се однесува на извор близок до кралското семејство. Според неговите зборови, Меган сакала да се разликува од другите жени во семејството. Сега таа и нејзиниот сопруг избираат алтернатива на лондонската болница Св. Марија, каде што се породија принцезата Дијана и Кејт Мидлтон.

Една од можностите е да се пораѓа во Виндзор, каде што се пресели да живее со Хари. По традиција, неколку часа по раѓањето, новата мајка мора да излезе на улица, па Британците да можат да го пречекаат бебето. Но, ако Маркел избере домашно раѓање сигурно ќе ги прекрши правилата на кралското семејство.

Во септември, за време на официјалните настапи на Меган и Хари, војвотката постојано успеваше да го “прекрши“ протоколот. Еден од нејзините најголеми “престапи” беше кога таа излезе од автомобил и ја затвори вратата зад себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top