Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 64. седница расправа по XXXV нацрт-амандман, еден од четирите што ги предложи Владата, во кој ќе стои „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”.
Благоја Деспотоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Македонија веќе тоа го инкорпорирала во Уставот, но важно е да се види и што направила Грција, дали двете земији се почитуваат заемно и побра и Грција да го внесе истиов член во нејзиниот Устав.
-Ова е големо прашање и не треба за тоа да се делиме. И затоа ми попречи што кажа министерот дека ние сме нација со комплекси. Не, ние сме паметна интелегентна нација, но сме мирољубива, а знае дека попаметниот попушта оти знае дека со сила не може туку мора да се има принцип. Мора да си се цениме самите за да не ценат другите. Ако продолжиме вака не знаеме следно што ќе биде. Добро е да сме добри пријатели со соседите. Но, во оној момент кога ќе видам неискреност, подментнување и задни намери престанува пријателството. Затоа инсистирам на суштинско пријателство. Ако ние го вметнуиваме овој член во Уставот, добро е да побараме и од соседите да ги вметнат соодвтените членови од нашиот Устав а се однесуваат на членовите од Повелбата на ОН и тогаш ќе бидеме вистински пријатели, на сите ќе ни биде сеедно каде се наоѓаме дали во Грција, Албанија, Србија или во Бугарија, сите граѓани и во тие држави ги имаат истите човекови права. Пријателството треба да се заснова на почитување на еднакви вредности. Само тогаш ќе има искрено пријатлество, рече Деспотоски.
По изгласување на овој амандман ќе започне и дебата за XXXVI нацрт-амандман и последниот предвиден со уставните измени, согласно Договорот од Преспа, а се однесува на иселениците и во него Републиката да ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a оти притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
Вчера Парламентот ги усвои два од четирите нацрт-амнамни – XXXIV и XXXIII, со кои се предвидува менување на името Република Македонија со Република Северна Македонија, односно во Преамбулата на Уставот зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ” и се додава Охридскиот рамковен договор.
По изгласувањето на нацрт – амандманите и завршувањето на оваа фаза, Владата како предлагач на измените треба да организира јавна расправа, по што ќе следува третата и последна фаза од уставните измени, кои се прават во согласност со Договорот од Преспа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст