| четврток, 6 декември 2018 |

Косовците му побараа на Хан виза за влез во земјата

Група косовци денеска се собраа пред седиштето на ЕУ во Приштина пред пристигнувањето на еврокомесарот Јоханес Хан за да му го пренесат револтот од одолговлекувањето со визната либерализација на Косово.

Таму поставија транспарент со следнава порака:

„Добредојдовте на Косово, господине Хан! Ние сме за реципроцитет, така што вам ви е потребна виза за влез на Косово. За визата се потребни 45 различни документи и 35 евра.“

Хан во Приштина ќе допатува од Белград, каде претходно ќе разговара со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top