| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата „Поштенска историја на територијата од Република Македонија“ во Порта Македонија

На 4 декември 2018, вторник, со почеток во 12.00 часот, во Порта Македонија ќе се одржи промоција на книгата „Поштенска историја на територијата на Република Македонија од 1843 до 2010 (поштенски жигови)“ од д-р Бранислав Светозаревиќ.

Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Виолета Ачкоска.

Д-р Бранислав Светозаревиќ (1966г.) е истакнат автор на околу 30 научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата, како и автор на повеќе од 23 фотографски, филателистички и картофилски изложби на теми од историјата, културата и спортот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top