| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарките обезбедија пласман во баражот

По вечерашниот триумф над Турција со 30:23, македонската женска ракометна репрезентација го освои првото место во групата и со максимален учинок во три натпревари се пласираше во баражот за учество на Светскиот шампионат што ќе се одржи следната година.

Уште од самиот старт избраничките на селекторот Симе Симовски имаа предност и во текот на целиот меч ја контролираа играта и резултат за конечен триумф со кој го потврдивме првото место во групата.

Во првата четвртина од дуелот имавме предност од три гола, а до крајот на првиот дел таа беше удвоена и на одмор заминавме со водство од 16:10.

Во продолжениот од мечот во еден момент имавме и предност од осум гола за на крај да славиме со 30:23.

Сара Ристовска натпреварот го заврши со осум погодоци, Јована Саздовска додаде шест додека Елена Ѓеорѓиевска и Марија Штериова постигнаа по четири.

Во поразениот тим најефикасни со по пет гола неа Ѓул Боздоган и Бејза Туркоглу.

Противникот во баражот за следниот Мундијал ќе го дознаеме за две недели по жрепката во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top