| четврток, 6 декември 2018 |

Лекар од Бања Лука бесплатно им помага на оние на кои им е потребно

Бојан Козомора, приватен офтамолог и сопственик на една клиника во Бања Лука им понудил бесплатна помош на сите оние кои немаат доволно пари за преглед кај офтамолог, пишува Дневни Аваз.

Тој, преку социјалните мрежи ги повикал сите луѓе кои имаат офтомолошки налог, а сакаат второ мислење да му се јават и дека ќе им одговори.

– Еве да не кажете дека приватните доктори само уживаме во пари…Ако имате офтамолошки налог, дијагноза на око, а сакате второ мислење, слободно пратете ми ги. Ќе ми биде задоволство да ви помогнам, напишал докторот на Твитер,

За Дневни Аваз тој објаснува дека оваа одлука ја донел, бидејки многу лекари не се достапни.

– Искрено, немав никаков палан. Идејата сама се роди. По 14 години работа сватив дека нашите пациенти лутаат во барањето одговори за прашањата кои се поврзани за состојбата на оболеното око кое го имаат. Премногу се потпираат на интернет, кој не секогаш е вистинското решение, но и докторите не им се баш најдостапни, раскажал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top