| четврток, 6 декември 2018 |

Нервозни сте? Каснете целер!

Тајната се крие во богатството од магнезиум, калиум и калциум со кои оваа билка располага, што влијае на ублажувањето на напнатоста.

Освен тоа, високиот процент на течности и минималното ниво на калории ја прави идеална во борбата со вишокот килограми.

Едно стебленце целер содржи 83 проценти вода и здрави количини на влакна, па се намалува чувството на глад.

Калиумот и натриумот со кои изобилува помагаат во регулацијата на телесните течности и го стимулираат производството на урина, а притоа ги отстрануваат токсините од организмот, па целерот претставува сјаен диуретик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top