| четврток, 6 декември 2018 |

Следува постепено затоплување на времето!

Под влијание на студена воздушна маса денес ќе се задржи студено со максимални дневни температури од -1 до 8 степени.

Времето ќе биде умерено облачно, локално со долги сончеви период додека попладне и кон крајот на денов облачноста насекаде ќе се намали.

Потоа во следните денови ќе имаме умерено облачно време со сончеви периоди, локално ќе има значителна облачност а повремено и слаб локален дожд, на повисоките планини снег.

Минималните температури и понатаму насекаде ќе се спуштаат под нулата.

Од понеделник под влијание на јужно воздушно струење ќе има значително затоплување на времето, максималните дневни температури ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top