| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Свети Матеј

Светиот евангелист и апостол Матеј најпрвин со име Левије бил цариник. Но еднаш кога Исус поминувал покрај царинарницата го повикал и овој без размислување станал негов ученик. Матеј е еден од 12-те Исусови апостоли и еден од четворицата евангелисти.

Преданието раскажува дека кога го напуштил царинарскиот занает повикал на вечера неколку другари цариници за да се збогуваат. Тука бил и Исус со своите ученици, а имало и некои фарисеи кои се лутеле на присуството на Исус. На тоа Исус им одговорил: „На здравите не им треба лекар, туку на болните. Јас не дојдов да ги повикувам на покајание праведните, туку грешните“.

Осум години по Христовото распетие и воскресение го напишал Евангелието на еврејски јазик, а христовото учење најпрвин го проповедал во Палестина, а потоа во Персија, Индија, Етиопија и други места. Неверниците го мачеле, а потоа го запалиле во Етиопија. Според други извори бил каменуван, а според трети исечен со меч. Тоа се случило околу 60-тата година.

На иконата светиот евангелист и апостол Матеј е претставен како го пишува евангелието или како го држи стоејќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top