| четврток, 6 декември 2018 |

Не полневме автобуси и не носевме граѓани на сила, дојдовме да го поразиме стравот и да ги победиме овие спроти нас!

На годишнината од спектакуларното приведување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ опозициската партија од пред седиштето го почна протестниот марш кој заврши пред Владата, со обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот на партијата Мицкоски изјави дека со денешниот протест ВМРО-ДПМНЕ ќе прогласи и ќе почне национална, економска, социјална и образовна, сеопфатна и сеопшта револуција против погрешното владеење на Зоран Заев, економското и националното разнебитување.

Според него, 28 ноември има симболика за ВМРО-ДПМНЕ и за целокупното владеење на Заев.

– Тоа е денот кога беше направен упад во правниот систем на Македонија, кога вицепремиерот и министер за внатрешни Оливер Спасовски по налог на Заев, без да им биде симнат имунитетот на пратениците, со лисици на рацете правеше спектакли во јавноста и прогласи дел од тие луѓе за терористи и насилници. Денеска гледаме дека дел од тие се луѓе кои имале европски карактер. Ги поканувам сите граѓани кои сакаат да им застанат на патот на СДСМ и на Заев во ова национално разнебитување, економско разнебитување и разнебитување по која било основа и погрешно владеење, да ни се придружат, да застанат рамо до рамо со нас, да ја поченеме оваа наша сеопфатна и сеопшта револуција – рече Мицкоски.

До критичарите кои прашувале каде е ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски порача:

– Еве сме, тука сме, се кренавме, а ние сите ќе се обединиме сите, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, сите ќе се обединиме да ја урнеме оваа неспособна и криминална власт. Ние без да полниме автобуси и на сила да тераме граѓани се собравме вечерва, порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top