| четврток, 6 декември 2018 |

Голем пожар изутринава во Скопје, интервенирале 8 возила: Изгореа ресторан и возила

Ресторан и возила изгореа изутринава во голем пожар во Скопје. Два часа пожарникарите интервенирале на огнот кој што ја зафатил изгорената куќа- ресторан, а којшто се прошил и на патнички возила паркирани на улицата Дане Карпчев број 1.

Пожарот, како што информираат од Противпожарната единица на Град Скопје изувнал во 2.55 изутринава, а бил локализиран во 4.55 часот.

Опожарени се 250 квадратни метри, но се уште не е утврдена предизвиканата материјална штета. За гаснење на пожарот било интервенирано со 8 возила и 18 пожарникари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top