За година и пол ќе заврши изградбата на пругата од Куманово до Бељаковце, односно првата третина. За три до четири месец пак, ќе треба да биде избрана градежната компанија за делницата од Бељаковце до Крива Паланка или за втората фаза.
Иако изградбата на железницата кон Бугарија веќе две години е закочена пореди проблеми со експропријација, министерот за транспорт вели дека оваа пруга која е дел од Коридорот 8 е еден од инфраструктурните приоритети предвидени во Буџетот за следната година.
-За третата делница имаме обезбедени 60 милиони евра грант средства, исто како што имаве исто како и за втората 70 милиони од Европската Унија. Министерството за финансии работи на обезбедување на финансирање. Знаете дека таа е постапка која што ја работи Министерството за финансии и очекуваме во најбрз временски рок комплетно д абиде обезбедено финансирањето бидејќи комплетно е завршена проектната документација- рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Сугарески очекува и забрзани активности и во делот на изградба на гасификацијата. Во најголем дел е завршена експропријацијата и се гради секаде. Според министерот гасоводот на Водно за кој имаше жестоки реакции од екологистите ќе продолжи да се гради бидејќи како што кажа за ова прашање е постигнат национален консензус.
-Гасификацијата е еден од најстратешките објетки и во делот на ефектите за животна средина кои што треба да се направат. Не само што е владино ветување, туку ние сме се определиле генерално државата по ова прашање мислам дека национален консензус има со сите политички партии во делот на гасификацијата- додава министерот Сугарески.
Буџетот на Министерството за транспорт и врски следната година тежи 118 милиони евра од кои 104 милиони се за капитални проекти. Приоритет ќе биде изградбата на пругата кон Бугарија и модернизација на железницата од Коридор 10. За гасификацијата се одвоени 25 милиони евра, за субвенции за авиолинии 1,3 милиони евра, а за локални патишта вкупно два милиони евра. За изградба на социјални станови догодина се предвидени пет милиони евра, а со 6,9 милиони евра ќе се покриваат загубите на „Македонски железници“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)