| четврток, 6 декември 2018 |

Облачно со кратки сончеви периоди и слаб ветер

Денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум степени, а дневната температура ќе се движи од осум до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до 12 степени.

До сабота времето ќе биде стабилно и суво со појава на магла по котлините. Од недела се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top