| четврток, 6 декември 2018 |

Лажеа за рестартирањето на Југохром, лажат и сега – црно време за економијата, уште поцрно за граѓаните

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на неговата страница на фејсбук, обвини дека владата предводена од Зоран Заев лаже за рестартирањето на Југохром, посочувајќи дека ова е црно време за економијата, но уште поцрно за граѓаните.

18 јуни 2017-та година, по средбата со синдикатот свечена изјава на премиерот Заев дека ќе најде решение за рестартирање на Југохром и спас на егзистенцијата на 1200 вработени. 12 октомври истата година, ветување од премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев, Југохром ќе почне да работи во мај или јуни оваа година. Помина не само јуни, туку дојде и јули, август, септември, октомври, сега сме ноември, нема рестартирање на Југохром. Но затоа вчера дојде ново ветување од владата, Југохром ќе бил рестартиран во мај-јуни наредната година и ќе биле спасени 550 вработени. А како ова да се нарече поинаку освен како едно брутално лажење на македонската јавност и поигрување со судбините на 1200 работници и ништо повеќе. Лажеа за рестартирањето на Југохром пред година ипол, лажат и сега. Секоја година си даваат ветување за некоја нова година дека ќе било рестартирањето. Година ипол се на власт и неуспеваат да го реализираат едно од своите први ветувања, а неуспеваат затоа што и во еден Југохром се кријат лични бизнис интереси на поединци од власта и политичко пазарење за сметка на маката на напатените работници. И ќе рече премиерот дека држел до зборот, но тоа само пред камерите, тој единствено држи до личниот интерес и парите. И ова со Југохром се голи факти за неспобната влада која ниту владината димна завеса не може да ја покрие. Црно време за македонската економија, уште поцрно време за македонските граѓани – напиша Мицкоски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top