| четврток, 6 декември 2018 |

Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации

Косово неочекувано лесно го декласира Азербејџан со 4:0 и ја одбра Македонија за противник во мартовското полуфинале во 2020 година. Ќе има спектакл со многу емоции и интензитет во полуфиналето во Д сегментот од Лигата на Нации,

Предност за Македонија е што се игра еден меч во март 2020 година и ќе бидеме домаќини, најверојатно во Скопје на националната арена „Филип Втори“.

Косово со победата над Азербејџан со 4:0 во Приштина го освои првото место во третата група од Д сегментот и со тоа успеаја да ја претркаат Белорусија, па тие се треторангираниот победник во четирите групи и гостуваат на Македонија, која е подобра од нив, по фазата по групи и го има бројот два, зад Грузијците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top