| четврток, 6 декември 2018 |

По 65 години се затвора сточниот пазар во Трубарево, продавачите револтирани

Продавачите велат дека не ја знаат причината поради која не им се дозволува да влезат внатре. Трговците својата секојдневна работа ја продолжија на пазарот и на тротоарот.

-Останавме надвор и немаме никаква информација – зошто сточниот пазар е затворен. Никој не нѐ извести. Овие манипулираат. Велат дека пазарот добил некаква казна, па затоа е затворен“, изјави продавачот.

Дел од продавачите оптимисти дека пазарот повторно ќе се отвори.

-Велат дека го продале пазарот, додека да ја завршат нивната работа, но сигурно дека повторно ќе се отвори, додаде продавачот.

Трговците велат дека доколку пазарот не се отвори до следниот вторник, тие повторно ќе излезат на протест и ќе го блокираат патот.

извор: тв21

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top