Поранешниот француски пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана пред нејзината смрт. Тој проговорил на 20-годишнината од смртта на принцезата за списанието „Ролингстоун“.
-Дојдовме на помош како при секој друг сообраќаен инцидент, раскажува Ксавиер Гурмелон, кој бил со првиот тим спасувачи кои пристигнале во тунелот „Понт де Л’Алма“.
-Веднаш моравме да дејствуваме за да видиме кој има потреба од помош и кој е жив. И Дијата тогаш рече: „Боже мој, што се случи?“, вели поранешниот пожарникар.
Според него принцезата била свесна и со отворени очи кога ја изнесол од автомобилот.
-Малку се помести и се виде дека е жива. Видов дека имаше површна рана на десното рамо, но не беше ништо сериозно. немаше крв“, се сеќава Гурмелон.
Кога спасувачите ја извадија од свтомобилот и ја ставија на носила таа доби срцев застој.
-И направив масажа на срцето и неколку секунди подоцна, таа повторно дишеше. Бев ослободен.Мислев дека ќе живее. Кога ја однесоа во болница, знаев дека е жива и очекував дека ќе живее. Подоцна дознав дека умрела во болница, бев многу вознемирен, вели Гурмелон.
Сега веќе пензионираниот пожарникар вели дека првично не разбрал дека од колата ја вади принцезата Дајана. Еден од болничарите му кажал за кого станува збор кога ја ставиле во амбулантското возило.
-Бев шокиран. Знаев која е таа, но не го следев одблиску животот на британското кралско семејство. Потоа ја препознав, вели пожарникарот.
Иако бил повреден телохранителот Тревор Рис-Џонс исто така се обидел да дојде до принцезата од предното седиште на автомобилот, се присетува Гурмелон.
Тој праша: „Каде е таа?“, а мојот тим му одговори дека треба да се смири и да не зборува. Му реков дека никој од нас не зборува англиски, но подобро е да мирува и да не се движи. Му реков да не се грижи, бидејќи ние ќе се погрижиме за сите.
Гурмелон објаснува дека цели 20 години не зборувал за оваа трагична ноќ, бидејќи до неодамна бил сеуште на работа и не му било дозволено да зборува за случаите на кои учествувал како спасувач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.