Градот Тиват на црногорското приморје го зафати големо невреме. Улиците во градот се поплавени и сообраќајот се одвива во отежнати услови.
Обилни врнежи кои од вчера паѓаат ширум Црна Гора, предизвикале неволји за мештаните во бројни населби и градови. Дождот предизвика изливање на канали и одводи на сообраќајни и јавни површини, а водата продрела во повеќе објекти.
Од полноќ наврнало 85 литри по метар квадратен.
Ветерот соборил стебла на повеќе места.
На терен се екипите од Службата за заштита и спасување, Комунално станбено претприемништво и Чистота и помагаат при санирање на последиците од невремето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.