| четврток, 6 декември 2018 |

Три фантастични филмови на Зеки Демиркубуз- enfant terrible на турската кинематографија во кино „Милениум“

Фестивалот „Киненова“ ја најавува тридневната програма во која ќе бидете во можност да проследите три фантастични филмови на enfant terrible на турската кинематографија, независниот режисер Зеки Демиркубуз, кој на годинашното, трето издание на фестивалот беше специјален гостин и претседател на меѓународното жири.
-Од среда до петок (21-23 ноември) во централниот термин во киното „Милениум“, од 20 часот, ќе бидете во можност да погледнете три негови наградувани филмови, некои репризно, кои веќе беа прикажани на фестивалот, а дел од нив и премиерно, бидејќи беа дел од фестивалската програма, но поради технички проблеми во „Милениум“, за жал, не бевме во можност да ги прикажеме, велат од „Киненова“.
Среда, 21 ноември, 20:00
Третата страница/The Third Page by Zeki Demirkubuz
Четврток, 22 ноември, 20:00
Внатре/Inside by Zeki Demirkubuz
Петок, 23 ноември, 20:00
Невиност/ Innocence” by Zeki Demirkubuz

Зеки Демиркубуз е роден во Испарта, Турција, во 1964 година. Откако го завршил нижото средно образование, тој се преселил во Истанбул. Започнал да оди во вишо средно училиште, но се откажал по првиот семестар, одејќи да работи во фабрики и работилници. По воениот државен удар во 1980-та година, тој отслужил тригодишна казна затвор за неговото членство во политичка организација. Со цел да ја одложи неговата воена должност, тој се одлучил да се врати во училиште. Го завршил средното образование преку учење од дистанца и ги започнал своите студии во Одделот за комуникации на Универзитетот во Истанбул. Тој ја започнал својата филмска кариера како асистент на режија на Зеки Октен во 1986-та година, и работел како асистент за разни режисери сѐ додека не го направил неговиот прв филм „Блок Ц“ (1994). Оттогаш, тој продолжил со работа како независен филмски автор, пишувајќи свои оригинални сценарија и земајќи инспирација од класиците на книжевниот свет.

Филмските критичари и меѓународната публика го забележале Демиркибуз преку неговиот втор филм. „Невиност“ (1997) кој бил прикажан на Венецискиот филмски фестивал и „Третата страница“ (1999) кој бил прикажан на неколку фестивали во Турција и Европа, вклучувајќи ги Локарно и Ротердам. По „Третата страница“, Демиркибуз започнал да работи на неговата трилогија „Приказни за мрачноста“. Првите два дела од трилогијата „Судбина“ (2001) и „Исповед“ (2001) беа прикажани во категоријата Un Certain Regard на Канскиот филмски фестивал во 2002-та година. Со филмот „Чекална“ (2003) во кој Демиркибуз ја толкува и главната улога, тој ја завршува својата трилогија. Во последниве години тој ги реализираше и „Судбина“ (2006), претходникот на „Невиност“, „Завист“ (2009), потоа, „Внатре“ (2012), „Лошење“ (2015) и „Жар“ (2016)

Третата страница (ÜÇÜNCÜ SAYFA/The Third page)
Турција (Turkey)/1999/92’

Сценарио и режија (Written and Directed by): Зеки Демиркубуз (Zeki Demirkubuz)

Улоги (Cast): Башак Коклукаја (Basak Köklükaya), Рухи Сари (Ruhi Sari), Ерол Бабаоглу (Erol Babaoglu)

Иса, статист во филмски продукции, е обвинет за кражба од педесет долари во област која е опколена со мафија. Како резултат, тој е ужасно претепан и му е дадена можноста да ги врати парите за 24 часа. Наместо парите, тој наоѓа пиштол. Се одлучува да изврши самоубиство. Во моментот кога тргнува да го повлече чкрапалото, ѕвончето на влезната врата заѕвонува.

Внатре (Yeralti/Inside)
Турција (Turkey) /2012/107’

Сценарио, продукција и режија (Written, Produced and Directed by): Зеки Демиркубуз (Zeki Demirkubuz)

Според делото на Фјодор Достоевски (Based on the novel by Fyodor Dostoyevski)

Улоги (Cast): Енгин Ѓунајдин (Engin Günaydın), Негрис Озтурк (Nergis Öztürk), Серхар Тутумлер (Serhat Tutumluer)

Мухарем ги принудува неговите стари пријатели да го поканат на вечера, без разлика на тоа дека ги мрази и дека тие го мразат него. Вечерата започнува со неколку безопасни шеги и тривијални приказни на бравадо, но како што времето минува и главите стануваат поматни, конверзацијата сталожено прогресира во неславното минато. Старите неправди излегуваат на виделина и стапуваат во грда конфронтација. Како што ноќта станува исполнета со солзи, гнев и каење, омразата се излева на мрачните улици и во одвратните хотелски соби. Иако тие се во заедништво, а тој е сам, Мухарем има цврсто одлучено – или ѓубрето ќе биде исчистено таа ноќ, или тој ќе умре. Инаку, никогаш нема да биде ослободен од тоа чувство на срам.

Невиност (Masumiyet/Innocence)
Турција (Turkey)/1997/105’

Сценарио и режија (Written and Directed by): Зеки Демиркубуз (Zeki Demirkubuz)

Улоги (Cast): Ѓувен Кирац (Güven Kiraç), Халук Билжинер (Haluk Bilginer), Дерја Алабора (Derya Alabora)

Јусуф, ослободен од затвор откако ја отслужува својата десетгодишна казна, оди до Измир да ја посети својата сестра. Соочувајќи се со минати семејни проблеми и немајќи каде на друго место да оди, тој се сместува во еден сиромашен, уништен хотел. Наскоро, неговиот пат се испреплетува со тој на едно чудно семејство. Во борбата на Јусуф да преживее, Бекир, Угур и нивната ќерка, Силем, се иницијална глетка од надеж, која подоцна прераснува во уништувачка судбина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top