| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес рано утрово ги вознемири граѓаните во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 19.11.2018 година во 05 часот и 47 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 км. југоисточно од Скопјe, во соседна Република Грција.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.2, а беше почувствуван од населението во јужните делови од републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top