| четврток, 6 декември 2018 |

Власта со сите сили против граѓаните: Врие од полиција пред Собрание (галерија)

Во моментов се одржува протест пред македонското Собрание, на кој огромен број на граѓани го изразуваат своето незадоволство од Договорот со Преспа и уставните измени кои следуваа по него.

Пеејќи македонски песни, веејќи македонски знамиња и испракајќи патриотски пораки, демонстрантите се однесуваат мирно.

Наспроти нив, врие од полиција. Голем број на униформирани припадници на ЕБР се поставени на готовс. На овој начин, Власта застана со сите сили против граѓаните.

Претходно, им беше вршен притисок од страна на полицијата, на граѓаните кои од другите градови тргнаа кон Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top