| четврток, 6 декември 2018 |

„Воздухот не го даваме“

По загадувањето кое периодов е неколку пати повеќе од дозволеното, граѓаните на Скопје денеска се собраа на протест пред Инспекторатот на Град Скопје. Тие го искажаа незадоволството од негрижата на градот во врска со воздухот, слика која со години не се менува, особено во зимските месеци. Со транспаренти „Удобноста на вашите задници вреди дупло повеќе од нашите животи“, „Ставете налепници на тешката индустрија“, „Воздухот не го даваме“ граѓаните порачаа да се стави крај на дишењето отровни ПМ честички.

Присутните побараа казни и контроли на индустриски објекти кои не воспоставуваат еколошки стандарди. Исто така, тука го потенцираа и проблемот со автомобилите, работата на депонијата „Дрисла”, зеленилото на Скопје, гасификацијата на градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top