Власта, судот и обвинителството продолжувааат да се заплеткуваат во својата немоќ да го прифатат поразот со бегството на Никола Груевски. Откако си ја префрлија вината за бегството на Груевски, институциите продолжуваат да манифестираат немоќ со апсењето и притворањето на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски.
Специјалното јавно обвинителство денеска објави појаснување на притворите во предметот „Титаник“, кое се повикува на фабрикуван документ на УБР, наводна службена белешка, со која треба да се оправда осветата и бесот на органите кои, како што изјави и самиот Јанакески, „кога не можат по магарето, удираат по самарот“.
„Во врска со Решенијата на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје со кои им се определени мерки притвор на обвинетите Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, во рамки на предметот познат во јавноста како “ТИТАНИК”, ѝ појаснуваме на јавноста дека опасноста од бегство кај двајцата обвинети е констатирана од страна на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје со Решенијата донесени уште на 2 јули 2017 година кога на обвинетите им се определени мерки на претпазливост – одземање на патните исправи за преминување на државната граница и дипломатските патни исправи, како и обврска истите да се јавуваат секој работен петок во судот.
На предлог на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, имајќи ги предвид сознанијата дека обвинетите планираат бегство како околности кои укажуваат на основана опасност за нивно бегство, констатира дека целите на мерките за обезбедување на присуство на двајцата обвинети во текот на оваа постапка не можат да се постигнат со дотогашните определени мерки на претпазливост, од кои причини донесе одлуки за изрекување на мерка притвор за двете лица, како неопходна мерка за непречено водење на кривичната постапка и обезбедување нивно присуство“.
Ова појаснување од СЈО, всушност, не е ништо друго туку потврда на големиот правен апсурд на политизираното судство. Апсурдно е по година и половина да се притворат обвинети кои уште од 2 јули 2017 година ги почитуваат мерките на претпазливост што им ги одредил судот.
Дека Јанакиески и Божиновски ги почитувале одредените мерки потврдија и нивните адвокати, Еленко Миланов и Сања Алексиќ.
Адвокатот Миланов ја обвини власта дека им се осветува на Јанакиески и Божиновски.
-Во моментот кога се објави дека Груевски не е во републиката, мерките за претпазливост кои се почитуваат во целост, се пренебрегнуваат и се носи ваква одлука, изјави адвокатот Миланов за Република.
Адвокатот Миланов: Власта е бесна, им се осветува на останатите обвинети
Адвокатката Сања Алексиќ изјави дека одбраната секогаш соработувала со СЈО и смета дека притворот на Божиновски и Јанакиески им е определен поради неприсутноста на Груевски, бидејќи и двацата ги почитувале мерките на претпазливност определени во јули 2017 година.
-И судот во Стразбур по однос на истото има став дека однесувањето на сообвинетите не претставува основ за да се определи притвор на некој друг, во конкретниот случај ниту на обвинетиот Миле Јанакиевски, ниту на Кирил Божиновски кои што не дадоа ниту причина ниту повод да се определи притвор, бидејќи доследно и беспрекорно ги почитуваа мерките на претпазливост кои што беа определени во текот на јули 2017 година, што значи повеќе од една година.
Јанакиески и Божиновски не дадоа повод и причина за да им се одреди притвор (ВИДЕО)
Одбраната на Јанакиески и Божиновски ги обвини СЈО и Кривичниот суд дека се повикуваат на фабрикувана службена белешка од УБК за наводна средба прво на Јанакиески, а потоа и на Божиновски со претседателот Ѓорге Иванов, од кого барале амнестија.
Истото го потврди и Кабинетот на претседателот.
Кабинетот на Претседателот на Република Македонија e згрозен од содржината на јавно објавеното решение за притвор на лицето Кирил Божиновски, каде се цитира идентична службена белешка на УБК, како и во случајот на Миле Јанакиески, реагираат од Кабинетот на претседателот Иванов.
– На идентичен начин се злоупотребува Претседателот на Република Македонија. Единствената разлика во содржината на цитираната белешка е што во првиот случај се посочува на остварена средба со посредник на Миле Јанакиески, а во вториот на средба со посредник на Кирил Божиновски.
Кабинет на Иванов: МВР и УБК да одговорат врз која основа се следат активностите на Претседателот?
Миле Јанакиески и Кирил Божиновски беа притворени рано утрото околу 5 часот во средата на 14 ноември, веднаш откако беше потврдено дека Никола Груевски се наоѓа во Будимпешта и бара политички азил. Решенијата за притвор се изготвени на брзина, така што решението за притвор на Миле Јанакиески, обвинет во повеќе случаи на СЈО, е ископирано и за Кирил Божиновски. Колкави биле бесот и немоќта на органите сведочат и „очигледните технички грешки“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст