| четврток, 6 декември 2018 |

Нови проблеми за Милан: Повреден и капитенот Ромањоли

Пред поразот од Јувентус, Милан почна почна да бележи солидни резултати во последниот период, но екипата се соочува со сериозни проблеми откако заради повреда „во аут“ се неколкумина нивни првотимци.

Тренерот Џенаро Гатузо во следниот период нема да може да смета на Лукас Билја, Џакомо Бонавентура, Матео Мусакио и Матија Калдара, а од денеска на листата со повредени фудбалери се приклучи и Алесио Ромањоли.

Стоперот ја напуштил репрезентацијата на Италија поради повреда на мускул, па сега не е познато колку ќе треба да паузира, но најверојатно нема да може да настапи на дуелот против Лацио на 25 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top