| четврток, 6 декември 2018 |

Се чувствувате ли безбедно во Скопје? Четири инциденти само во еден ден

Во текот на вчерашниот ден биле забележани четири различни случаи на надапнати граѓани. Некои на автобуска станица, некои во автобус, некои пред или во угостителски објекти, некои на сама улица и сред бел ден – во последните месеци не постои ден, а да нема нов случај во полицискиот билтен.

Во Полициската станица Карпош, С.Ј.(19) од Скопје пријавил дека вчера  околу 20.30 часот на улица „Скупи“ бил физички нападнат од лицето Б.Н. и неговиот син.

Р.Р.(47) од СКопје пријавил декаоколу 19.30 часот во близина на угостителски објект на улица „Втора Македонска Бригада“ неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од две лица.

М.Ј.(19) и Ј.С.(19), двајцата од Кавадарци, пријавиле дека во автобус бр.55 на ЈСП Скопје биле физички нападнати од неколку лица.

И.Ц.(27) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.00 часот на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ бил физички нападнат од лицата Е.М.(32) од Скопје и Ф.С.(34). Е.М. и Ф.С. се приведени во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

МВР информираше дека се работи на расчистување на случаите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top