Одговарајќи на новинарско прашање по редовната прес-конференција во Владата, Бошњаковски истакна дека Владата нема да направи ништо на штета на граѓаните.
– Владата е во постојана комуникација со сите засеганти страни, вклучително и со инвеститорот и со граѓаните од регионот. На последната средба во Струмица се утврдија сите наредни чекори. Ништо нема да се одлучи во однос на рудникот „Иловица” без да се постигне заедничка согласност на сите страни. Во овој момент се работи на тој процес, рече Бошњаковски.
Граѓаните се против изградбата на рудникот за бакар и злато и бараат одземање на концесијата. Тие минатата недела со двочасовна блокада на крстосницата на влезот во Струмица од правците на Валандово и граничниот премин Ново Село го искажаа своето незадоволство од изградбата на рудникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст