| четврток, 6 декември 2018 |

Повредените пренесени во четири болници – комбе се судри со „шкода“, пет повредени

Вчеравечер во 19.30 часот на крстосницата од булевар „Никола Карев“, улица „Самоилова“ и улица „Максут Садик“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено трафик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(51) од Кочани и патничко возило „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С. Г.(26) од село Буковиќ, скопско.

Од незгодата со повреди се здобиле возачот Б.А. и сопатниците во возилото „Рено трафик“, М.Ј.(56), Л.Т.(33), Е.Г.(35) и Г.Г.(69), сите од Кочани.

Л.Т. и Е.Г. биле пренесени во приватната здравствена установа „Жан Митрев“ каде им била укажана лекарска помош. Кај Л.Т. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Е.Г. биле констатирани телесни повреди.

Б.А. и Г.Г. со возило на Итна медицинск апомош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.

М.Ј. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Возачот  С.С. со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top