| четврток, 6 декември 2018 |

Здрав чај кој ќе ви помогне да ги стопите масните наслаги

Зелениот чај можете да го збогатите со состојки кои ги имате дома и секојдневно ги користите, а ќе ви помогнат и да го подобрите вкусот, но и да го направите поздрав.

За само неколку денови ќе забележите дека ви се подобрува варењето, ви се забрзува метаболизмот, а се чувствувате генерално подобро.

Во шолја топол зелен чај додајте еден ловоров лист и малку цимет и оставете да отстои 10 минути. Извадете го ловоровиот лист.

Овој чај е одличен за забрзување на метаболизмот, а најдобро е да се конзумира наутро. Испијте чаша од овој чај наутро на празен желудник.

Во текот на денот можете да испиете уште една до две шолји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top