Во камп кој го основала украинска радикална националистичка група,деца, од кои некои имаат едвај осум години, учат да ги убиваат Русите и нивните поддржувачи јавува Асошиејтед прес.
Во кампот скриен во шума на западот на Украина, кој го посетиле новинарите на АП, децата вежбаат со автоматски пушки.
Целите на кампот се обука на децата за одбрана на земјата и ширење на националистичката идеологија.
Националистите се обвинувани за насилство и расизам, но и понатаму се рбетот на одредите на доброволци во борбата против проруските бунтовници на истокот на земјата и одржуваат тесни врски со владата во Киев.
Претходно годинава украинското министерство за млади и спорт одвои четири милиони гривни (околу 150.000 долари) за финансирање на некои од националистичките омладински кампови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст