Претедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Алфа рече дека не сака да го коментира второто писмо од Сашо Мијалков и дека тоа за него и завршена книга, а тој самиот е фокусиран на вистинскиот политички непријател, СДСМ и аболицираниот Зоран Заев.
-Сите ние смртниците сме времени и јас сум времен лидер. После мене ќе дојде некој друг. Само прашање е само таа временска константа колку тоа ќе трае, една година, пет, десет. Но, тоа најмногу ќе зависи од граѓаните и од членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.
Мицкоски е свесен дека секогаш постои можност некој да ја загроси неговата позивија и потсети дека еден поранешен функционер покажа намера да се кандидира за неговото место.
-Од она што јас можам да го кажам е дека јас сум првиот кој ја ставил довербата како претседател на ВМРО-ДПМНЕ пред ЦК на гласање и добив поддршка од 100 отсто. Тоа прашање за мене е затворена книга. Што се однесува до писмото, немам што да додадам, немам што да одземам. За мене тоа е завршена книга. За мене политички противник е однародената и криминална влада на СДСМ предводена од аболицираниот политичар Зоран Заев, рече Мицкоски.
Секој кој сака да придонесе во борбата против политичкиот противник на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните е добредојден, подвлече Мицкоски.
-Останатите можат да лиферуваат лажни инфорамции, можат да кодошат, да брифираат вака или онака, можат да пишуваат писмо јас ќе работам, јас ќе продолжам да работам жестоко, па ќе видиме на крај каква судбина ќе имам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст