| четврток, 6 декември 2018 |

Цената на нафтата падна под 73 долари

Цените на нафтата во вторникот паднаа на светските берзи под 73 долари бидејќи фокусот се префрли на можното намалување на побарувачката поради забавувањето на економската активност откако ослободувањето на американските санкции за увоз на иранска нафта ја пригушија загриженоста за понудата.

Цената на барел нафта на пазарот во Лондон се намали за 53 центи, односно на 72,64 долари. Во понеделникот тргувањето заврши во плус од 34 центи.

На пазарот во САД, барели беа тргувани со 30 центи пониска цена, од 62,8 американски долари. Во понеделникот поевтини за четири центи.

Вашингтон обезбеди ослободување од американските санкции за увоз на иранска нафта во траење од 180 дена за Кина, Индија, Јужна Кореја, Јапонија, Италија, Грција, Тајван и Турција.

Оваа група на земји купува околу три четвртини од извозот на нафта од Иран. Ирански извоз може да се спушти до еден милион барели дневно во ноември, што е спротивно на највисоко ниво оваа година од околу 2,6 милиони барели дневно, но според проценките што се прават, тоа може да се зголеми во декември бидејќи увозниците ќе ја искористат можноста за изземање.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) објави дека барел од својата референтна кошница на нафта во понеделникот чинел 71,45 долари, што значи дека цената пораснала за помалку од десет центи во однос на петокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top