| четврток, 6 декември 2018 |

Членовите на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата за одземање на мандатот на Груевски

ВМРО – ДПМНЕ ја напушти расправата во собраниската комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, каде на дневен ред е барањето од судот за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“.

На самиот почеток за збор се јави Трајко Велјановски кој рече дека пресудата за Груевски е политички мотивирана во која нема доказ за направена штета на државата.

– Власта преку судството врши притисок и политички прогон. Денес се бара одземање на мандатот на долгогодишен пратеник и премиер поради процес во кој нема докази дека осудениот се стекнал со каква билко материјална корист – рече Вељановски.

Тој оцени дека преку погазување на правото, правдата и судството се дефокусира јавноста.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top