Новак Ѓоковиќ призна дека бил љубоморен на својата вереница Јелена Ристиќ, кога одлучила да се слика за магазинот „Figlivs“, но откако ги видело фотографиите на кои Јелена изгледа прекрасно, го сменил мислењето.
„Кога ми соопшти дека ќе учествува на фотосесијата бев малку љубоморен. Си мислев да не открива премногу за сесијата на плажа, но потоа кога ги видов сликите, Јелена беше прекрасна. Горд сум, а мојата вереница е преубава“, изјави Ѓоковиќ.
Јелена се повеќе се наметнува со својата убавина, а блескаше и на Вимблдон, кога камерите често ја имаа во фокусот. Двојката најави свадба за оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





