Цеца Ражнатовиќ има повеќе од успешна кариера, а старите хитови и ден денес се пеат. Секако една од најпознатите песни на Цеца е “Пустите ме да га видим” од 1990. година, а поради оваа балада публиката на сите концерти рони солзи.
Меѓутоа она што е помалку познато е тоа на кого ја посветила оваа песна Цеца. Иако години наназад се зборува дека песната му е посветена на Аркан, вистината е дека се работи за друг човик. Се работи за поранешен дечко на Цеца, фудбалер на Црвена Ѕвезда Владан Лукиќ.
Како што се зборува, Цеца и Владан наводно биле и верени, а до разделба дошло поради заминувањето во војска на Владан.
Кога ќерката на Владан правела свадба на веселбата пеела Цеца и тогаш проговорила за врската со Владан.
– Јас дојдов тука преку врска од 30 години, кога јас и Владан се запознавме, тој знаеше со кого треба да се забавува, со пејачка. Шала на страна, Сара сакала денеска да пеам јас. Гледам дека сте добро расположени – искоментирала Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.