| четврток, 6 декември 2018 |

Водата за пиење се мешала со фекалии: Поради загадена вода, итно затворено училиштето „Димитар Миладинов“

Поради загадување на водата за пиење, основното училиште „Димитар Миладинов“ во Центар итно е затворено, а учениците се испратени дома. Неофицијално, во надворешната шахта се пронајдени фекалии, односно водата за пиење се мешала со фекалии. Како што јавува Макфакс, многу деца во изминативе денови се заразиле од стомачен вирус.

Во известувањето од директорот на училиштето се наведува дека објектот ќе биде затворен и во следните два дена.

– Заради дефект на водоводната мрежа и техничка неисправност на водата, која не смее да се пие, училиштето ќе биде затворено од денеска, 6 ноември, како и во среда и четврток. Дополнително ќе следат информации согласно состојбата, се вели во итното известување од директорот.

Од училиштето се надеваат дека дефектот ќе биде саниран во следните два дена и дека учениците во петок ќе се вратат на настава. Утре основците ќе заминат на екскурзија, а в четврток училиштето има патронат.

Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ излегле на терен и се работи на снаирање на дефектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top