Министерството за здравство го објави текстот на Предлог-закон за прекинување на бременоста, во кој се вели дека прекинување на бременоста е посебна медицинска интервенција за која слободно одлучува бремената жена.
Прекинувањето на бременоста може да се изврши до истекување на дванаесеттата гестациска недела, со писмена согласност од бремената жена.
Ако бремената жена е малолетна или е лишена од деловна способност, прекинувањето на бременоста може да се изврши до истекување на дванаесеттата гестациска недела, со писмена согласност од родителот, односно старателот на бремената жена.
Прекинувањето на бременоста може да се изврши и по истекот на дванаесеттата гестациска недела во следниве случаи кога:
– врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност по животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањето.
– врз основа на научни сознанија може да се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци,
– до зачнувањето дошло во врска со извршување на кривично дело: силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата или родосквернавење и
– ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки, лични семејни, материјали или други прилики што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје.
Постапка за прекинување на бременоста
Во постапката за прекинување на бременоста се обезбедува почитување на достоинството на бремената жена, на правата на приватност, информираност, прифаќање и одбивање на медицинска интервенција и информација, доверливост на личните и медицинските податоци согласно со прописите за заштита на правата на пациентите.
Прекинување на бременоста се врши согласно стручното упатство за безбедно прекинување на бременоста донесено согласно прописите за здравствената заштита.
Пред прекинување на бременоста докторот ја информира жената за постапката за прекинување на бременост, што може да очекува за време на прекинувањето на бременоста и по завршувањето, за методите за контрацепција пред и по спроведувањето на прекинувањето на бременоста на начин разбирлив за жената за да може да донесе одлука и да даде информирана согласност.
Информациите и советувањето од ставот треба да се непристрасни, објективни и медицински веродостојни согласно стручното упатство.
Прекинувањето на бременоста може да се изврши и по дванаесеттата до дваесет и втората гестациска недела од бременоста по барање од бремената жена. Пред прекинување на бременоста докторот може да побара мислење од друг доктор специјалист од соодветна област на медицината.
За прекин на бременоста по дваесет и втората гестациска недела одлучува првостепена комисија за одобрување на прекинување на бременоста. Бремената жена поднесува барање за прекинување на бременоста писмено до првостепената комисија.
Кон барањето за прекинување на бременоста се приложува и соодветна медицинска и друга документација.
Целосниот текст на Предлог-законот може да се преземе на следниот линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст