| четврток, 6 декември 2018 |

РКЕ ќе ги разгледа правилата за покривање на загубите во електропреносниот систем

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница ќе ги разгледа Правила за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносниот систем во Република Македонија за 2019 година.

Покрај тоа, РКЕ денеска ќе ги разгледа и правилата за алокација на прекугранични преносни капацитети на граница Македонија – Србија, како и на граница Македонија – Бугарија, и двете за 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top