| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје потрошил 2.100 евра за кетеринг за „Скопска прес-дружба“, водителите од љубов, а не за хонорар биле на говорницата

Град Скопје потрошил 128 илјади денари за кетеринг на настанот „Скопска прес-дружба“. Парите се издвоени од буџетот на Град Скопје, објави „Макфакс“.

За организираниот настан на Град Скопје коментарите на граѓаните беа дека градската администрација наместо да се зафати со решавање на проблемите во главниот град, се шегува со нив.

Од Град Скопје тврдат дека единствените трошоци кои биле направени биле оние за репрезентација и кетерингот за гостите на настанот, а водителите и говорници на настанот биле поканети од Град Скопје и ја прифатиле поканата. За нивното учество велат дека не биле исплатени никакви хонорари. Нема официјална информација од Градот дали биле потрошени средства за објектот за изнајмување на настанот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top