Пејачот Дарко Лазиќ опериран е вчера во КБЦ Земун поради внатрешно крварење, а неговото семејство утринава околу седум часот дошло во болницата како би добило нови информации за неговата здравствена состојба.
На Дарко Лазиќ од белите дробови извадени му се 1,5 литар крв, од левата страна која му е повредена за време на судирот кој се случи на 23 октомври.
Родителите на пејачот, Бранка и Милан, девојката Марина Гагиќ и возачот Миљан Врачевиќ утринава биле во болницата. После разговор со лекарот, тие отишле во блиското кафуле, додека Дарко бил на снимање на градите.
-Немаше операција, имаше интервенција. Ги чекаме лекарите, се уште ништо не знаеме. Денеска не го видовме. Ние треба на него да му се најдеме и морате да разберете дека ни е многу тешко, никогаш потешко. Откако Дарко доживеа сообраќајна несреќа, ние сме полуживи – рекла мајката на Дарко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.