| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе игра за нас уште многу пати, но не и во вторник – Ливерпул го изостави Шаќири за гостувањето во Белград

Ливерпул го изостави швајцарскиот репрезентативец, Џердан Шаќири од списокот на играчи кои ќе патуваат во Белград за средбата од Лигата на шампионите против Црвена Звезда. Од клубот ја донесоа оваа одлука поради можните напади врз Шаќири, кој на Светското првенство многу ги налути српските граѓани со прославата на голот против нивната репрезентација.

– Одиме во фантастичниот Белград како фудбалски тим за да играме фудбал. Слушнавме каков дочек се очекува за Шаќири, и бидејќи немавме идеја дали ќе се случи тоа, за да останеме 100% сконцентрирани на фудбалот, и да не мислиме на ништо друго, не го повикавме за овој натпревар. Ние сме Ливерпул, голем клуб и нема да даваме дополнителни пораки по ова. Не сакаме да испраќаме политички пораки. Сакаме да се фокусираме на одличен фудбал ослободен од се друго.

– Сакаме да бидеме почитувани, и за да ги избегнеме одвлекување на нашето внимание се одлучивме Шак да не биде вклучен во тимот, а тој го прифати и разбра тоа. Шак е наш играч, го сакаме, и тој ќе игра за нас уште многу пати, но не и во вторник, изјавил Јирген Клоп пред утрешното гостување кај Ц. Звезда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top