| четврток, 6 декември 2018 |

Грк украл врв од столб од Акропол

Грчката полиција аупсила 51-годишен Грк кај кого е најден вреден архелошки предмет, врв од јонски столб кој најверојатно е украден од Акропол.
Осомничениот е уапсен уште на 30 октомври кога е и претресен неговиот стан во атинската населба Монастираки под Акропол, но дури денеска е објавена информацијата.

Пронајдениот дел од јонскиот столб содржи спирален украс карактеристичен за јонски и подоцнежните стилови и рамна плоча на врвот на столбот, и двата во одлична состојба.
Според археолозите, столбот би можел да датири од периодот помеѓу 5 и 12 век пред новата ера и најверојатно е украден или од Акропол или од некое блиско археолошко наоѓалиште.

 

извор: улица.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top