| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто обвинителката Рускоска му го бели образот на Агим Нухиу за „27 април“?

Обвинителката во случајот „27 април“ Вилма Рускоска на гостувањето во Топ тема на Телма отворено застана во одбрана на тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу зошто не им се јавил на специјалците да реагираат ако проценил дека ситуацијата излегува надвор од контрола.

На прашање од водителката дали Нухиу не можел сам да им се јави на специјалците да дејствуваат, Рускоска рече: „Да, можел“. За потоа да додаде дека на нејзино прашање зошто не го сторил тоа, тој одговорил дека во полиција има хиерархија и дека тој се обратил на луѓето кои по хиерархија биле задолжени за тие единици. Но – можел и тој, според Рускоска.

Спасовски го отвори прашањето за одговорност на Нухиу за 27 април: Со Талат баравме помош од Нухиу, но таква помош не дојде

Дали Рускоска вчера иниректно одговори зошто тогаш Нухиу не е на обвинителната клупа – прашање поставено безброј пати., но заклучоците се извлекуваат сами и без многу објаснување.

Што имаше во доказите презентирани денеска, а беше „пропуштено“ во обвинението за 27 април?

 

Пред неколку дена на снимките кои се прикажуваат во судот се гледа едно лице кое иако е од собраниското обезбедување, е нем посматрач на движењето на маскираните и немаскираните низ ходниците во Собранието.

ЈО прави карма каша со доказите за 27 април?

 

Рускоска на прашање на судот кое е ова лице, дали е идентификувано, признава дека не му го ни знае идентитетот, односно и 18 месеци по започнувањето на истрагата за случајот, ОЈО не се обидело ниту да дознае кој е човекот кој ги гледа маскираните и не реагира никако – а не пак да помисли дека можеби и тоа лице има некаква одговорност и треба да биде предмет на истрага.

Партиска фарса наместо фер судење: Судијката Кацарска му дозволи на Нухиу да се однесува како експерт наместо како сведок

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top