| четврток, 6 декември 2018 |

Кога се разбудил од кома, Дарко прво ја здогледал неа: Очите му биле полни со солзи!

После шест дена агонија и борба за живот, после тешката сообраќајна несреќа која ја преживеа, Дарко Лазиќ сега е стабилно. Тој е буден, свесен, а една средба за него била посебно емотивна.

Поради фактот дека пејачот излегол од кома и дека сега е стабилно, најсреќни биле неговата мајка, татко, брат, свршеницата, но и пејачката Ана Севиќ, неговата се уште законската сопруга, со која ја има ќерката Лорена.

-Иако некои пишуваа дека родителите на Дарко и Ана се скарани, и дека таа поради тоа три дена не одела кај Дарко, тоа не е точно. Таа уредно е таму и апсолутно секој ден е со Дарко, а тоа што има свои начини на кои влегува во болница, така што никој не ја гледа, тоа е друга работа – вели добро упатен извор.

-Кога излегол од кома, Ана била првата личност која Дарко ја видел. Прво го здогледал нејзиното лице. Тоа беше многу емотивно и потресно. Иако се уште беше зашеметен, Дарко веднаш го препозна ликот на Ана и иако не може да зборува, очите му беа полни со солзи, па тогаш и Ана се расплака. Се сфати веднаш. И мислам дека не постои личност чие лице повеќе сакаше да го види од нејзиното, тогаш, во тој момент. Ана пред се е пресреќна што на Лорена може да и каже дека повторно ќе го види својот татко. Можеби се уште не, но секако наскоро-раскажал извор од болницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top