| четврток, 6 декември 2018 |

Нова цена на горивата во Македонија

Со последната одлука на РКЕ пред две недели малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 3,62 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемија за 1,00 ден/лит, односно за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 2,00 ден/лит, односно за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 58,00 ден/лит.

На половина од двонеделниот период во кои Регулаторната комисија за енергетика ги носи одлуките за малопродажните цени на нафтените деривати, од светските берзи доаѓаат добри вести, кога станува збор за возачите. По рекордот на почетокот на месецот, за околу 2 недели, цената се намали за речи си 10 долари за барел и сега се движи околу 76 долари.

Останува денеска да ја видиме новата цена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top