Бенигната расправија поради проектот што го подготвува пејачката кулминира со развод! Николиќ нема комплекси проблемите со килажата да ги решава во реалното шоу и му порача дека, ако тој мисли дека тоа ќе му ја уништи репутацијата, може да се спакува и да си замине!
Разделбата, смирувањето и повторно разделбата не ги изненади луѓето што ги познаваат Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста, кои велат дека нивниот брак е како врска меѓу два тинејџера.
Тие велат дека реалното шоу кое Николиќ планира да го сними (повеќе информации за проектот можете да прочитате ТУКА), а во кое ќе слабее пред камерите, било иницијалната каписла за последната расправија по која раперот замина од нивниот дом.
Од првата разделба, кога и официјално се разведоа, Ана и Раста нон-стоп се скаруваат и се смируваат. Овој пат се скараа поради реалното шоу на Ана и се’ изгледаше како обично несогласување. Раста сметаше дека не и’ е потребно такво експонирање, бидејќи не сфаќа зошто би зборувала пред сите за својот здравствен проблем и би шетала во долна облека со вишокот килограми, покажувајќи ги стриите и целулитот. Ана го сфати тоа како напад врз неа, иако сите знаат дека не е искомплексирана и дека често се шегува на сопствена сметка. Полуде бидејќи помисли дека нему му е срам и така светнаа иските, а бидејќи и двајцата се темпераменти, не ги штедеа навредите. Потоа Раста си замина од станот.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст