| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија тоне: 22,2 отсто од населението минатата година живеело во сиромаштија!

Македонија се повеќе тоне во сиромаштија. И покрај ветувањата на Владата дека ќе го зголеми стандардот на живеење и ветувањата од 500 евра плата сепак скоро една третина од македонските граѓани живеат во сиромаштија.

Според Државниот завод за статистика процентот на сиромаштија во 2017 година изнесува огромни 22,2 отсто што значи имаме зголемување за 0,3 отсто од 2016 година кога стапката на сиромаштија изнесуваше 21,9 отсто.

Така според најновите информации на Државниот завод за статистика и според податоците, во 2017 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 22,2 отсто.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2017 година е 20,0 отсто. Според најфрекфентниот статус на економска активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 9,0 отсто, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,7 отсто. Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 32,5 отсто.

Според експертите ова е една од најголемите стапки на сиромаштија како во регионот така и во Европа. Тие сметаат дека Владата не успеа да ги исполни ветувањата кои ги даде пред да дојде на власт. Инаку, Владата ветуваше намалување на сиромаштијата покачување на платите односно 500 евра плата и зголемување на стандардот на живеење но ништо од ова не беше реализирано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top