| четврток, 6 декември 2018 |

Гала филмски концерт вечерва во МОБ (видео)

Наде Талевска, Андријана Јаневска, Марија Димитријевиќ и Ѓоко Танески магично не пренесоа во безвременските приказни од големото платно, придружувани од Камерниот оркестар од Битола и музичари од МОБ, со кои диригираше Владо Димовски.

Андријана, секогаш беспрекорно подготвена, блесна во „Стоп“ на Сем Браун, Ѓоко го испеа Стинг како „Shape od My Heart“ за него да е напишана, и моќно го отвори концертот со „Еye of the Тiger“.

Секоја чест за Марија Димитријевиќ, која заводливо и ни го подари својот убав алт, а за Наде Талевска слободно може да се постави прашањето, дали е подобра дива од Дивата Ерик Сера, во насловната тема од „Петтиот елемент“? Совршен избор за неа беше и „And I Am Telling You I’m Not Going“ од Џенифер Хадсон, како и  „Golden eye“, која гордо ја изведе Андријана Јаневска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top