| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во градинка: Учителка со сила брка и влече дете по под (видео)

Малтретирањето на децата во градинките добива загрижувачки димензии. Последниот случај го обелодени пејачот Сото од Сараево. Настанот со малтретирањето на неговото  дете е стар две години, но тој решил сега случајот да го изнесе во јавност, откако две години неуспешно барал судска разрешница на случајот. Сега само алармира дека вакво нешто може да се случи секому и дека сите родители треба да внимаваат на своите деца.

-Снимкава ја објавувам јавно бидејќи, ситуацијата во која се најде моето дете не можевме да ја средиме судски со образложение дека немаме доволно докази – објаснува Сото.

-Фала му на Господ нашето дете сега е добро. Бев испровоциран бидејќи овие денови повторно гледам и читам вести каде децата во градинка се изложени на разик односно на непристојно однесување и малтретирање на воспитувачки и учителки. Со својата сопруга добро одбравме во која градинка ќе го запишеме својот тригодишен син, се распрашувавме баравме врски…но, ете не е битно дали детето ќе биде запишано во најдобрата градинка, битно е како таму се однесуваат тие што ги чуваат. Плус директорката ни беше пријателка. После кусо време дознавме дека директорката дала отказ, а си заминала и една од учителките.

Детето имаше отпор за идење во градинка, но мислевме дека е фаза, дека сите деца поминуваат низ тоа. Пред извесно време се договоривме со моето синче дека наредниот ден нема да оди во градинка и дека ќе се прошетаме низ центар ќе јадеме слатко и ќе купиме играчка. Тој веќе неколку дена не се чуствуваше убаво и одбиваше да оди во градинка. Само што стигнавме во влезот на градинката каде што тргнав да ги известам дека денеска ќе бидеме отсутни, синот почна да плаче. Почнав да го смирувам велејќи му дека ќе се вратам и ќе одиме да се шетаме. Бев повикан во канцеларија каде го доживеав најголемиот шок. На тв мониторот гледав снимка на која мојот син со сила е извлечен неколку пати од занималната од страна на неговата учителка. Директорката се обидела да си ја заштити својата пријателка и воедно учителка во градинката па така двете добиле отказ, добив такво образложение од вработените кои ми ја покажаа снимката. Осетив топлина во ушите земав снимка од случајот и излегов….Не ми се веруваше во тоа што го гледав и слушав, се вратив во автомобилот го гушнав синот и заминав во чаршија, бев скршен, силно најсилно го гушкав, милував и бакнував својот син…Ја побарав учителката да ја прашам зошто ова го има направено, но таа упорно негираше и тврдеше, дека ништо не му направила, тогаш и реков дека ќе ја пријавам и ќе барам првдата на суд.

Но, се беше залудно бидејќи за нив снимката не беше доказ. По извесно време слушав од други родители дека имале сличен проблем со истата учителка . На околу распрашувајќи се дознав дека учителката која го малтретираше и влечеше мојот син работи во друга градинка и чува туѓи деца – пишува Сото во својот Фејсбук статус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top