Даниела Рангелова – Претседателката на унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук го честиташе денот на револуционерната борба:
Денес го чествуваме денот на Македонската револуционерна борба, денот на основањето на историското ВМРО чиј сон денес ние го живееме. Она што во моментот нас ни треба е едно ВМРО ДПМНЕ, силно, сплотено и единствено, а не поделено и раскарано! Проевроатлански ориентирано а не изолирано! Ни треба разум и храброст а не очај и паника! Ни треба просветлување и чекорење напред а не прочистување! Ни треба визија за иднината на партијата и државата а не страв од неочекуваното! Ни треба зајакнување а не недоверба! Ни треба слободна и демократска мисла а не едноумие и ретроградност! Ни треба политичко делување а не послушност и сервилност! Ни треба соочување и решавање на проблемите а не пак креирање на лажни очекувања и повторно разочарување кај членството! Ни треба ПОБЕДА а не ПОРАЗ! Нека ни е честит и вековит денешниот голем државен празник преку чие одбележување искажуваме почит и ги воспеваме големите дејци на македонска идеја на самобитност! Честит 23ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


